Светиниколчани револтирани поради двојно повисоките на цени за „ѓубрарина“

  • Реакција на Левица ЛО Свети Николе

Овој јануари светиниколчани го започнаа со добиени речиси дупло повисоки сметки за „ѓубрарина“, откако започна наплатата по цените кои ги изгласаа советниците од владејачкото мнозинство на XIX редовна Седница на Советот.

Ова покачување во период на економска криза и енормна инфлација дополнително се одразува негативно врз домашните буџети на граѓаните, а за жал не претставува ниту единствно зголемување на давачките кон Локалната самоуправа, откако претходно пратениците на СДСМ во Собранието изгласаа и повисок данок на имот кој го прибираат Општините.

По ваквите одлуки од страна на СДСМ на централно и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, не стивнуваат негативните реакциите на граѓаните заради последните покачувања на услугите кои ги дава ЈКП Комуналец.

Изнесувањето смет кое чинеше 3 денари за 1м2 станбена површина, сега се наплатува 5,70 денари, додека за дворна површина цената од 0.30 ден./1м2 е зголемена на 0.65 денари!

Потсетуваме, претходно на XIV Седница на Советот исто така беше изгласано покачување на цените речиси на сите останати услуги кои ги ги дава ЈКП Комуналец! – Најголем дел од нив беа покачени речиси за 100%!

Левица апелира ваквите одлуки од страна на одборот во ЈКП Комуналец, како и на самите Советници кои го изгласаа ова одново да се разгледаат и продискутираат. Доколку раководните лица во претпријатието не можат да го придвижат претпријатието во насока потребна за граѓаните, тогаш е потребен итен избор на ново раководство, избрано согласно мерит процедура како што е предвидено со Законот за Јавни претпријатија!