Ердоган до Шведска: Не очекувајте наша поддршка за НАТО после стокхолмскиот протест

Шведска не треба да очекува поддршка од Турција за нејзиното членство во НАТО по протестот во близина на турската амбасада во Стокхолм изминатиот викенд, вклучително и палењето на копија од Куранот, изјави турскиот претседател Тајип Ердоган, пренесуваат од Мид;л Ист Монитор.

„Оние кои дозволуваат такво богохулење пред нашата амбасада (во Стокхолм) повеќе не можат да очекуваат наша поддршка за нивното членство во НАТО“, рече Ердоган во говорот по состанокот на Владата.

На протестите во Стокхолм во саботата, против барањата од Турција за Шведска да се приклучи на НАТО, беше запалена копија од Куранот, ги зголемија тензиите со Турција, без чија поддршка Шведска не може да добие влез во воената алијанса.

Палењето на Куранот го изврши Расмус Палудан, лидер на данската екстремно десничарска политичка партија, Тврда линија. Палудан, кој исто така има шведско државјанство, одржа голем број демонстрации во минатото каде го палеше Куранот. Неколку арапски земји, вклучително и Саудиска Арабија, Јордан и Кувајт, го осудија инцидентот.

Шведска и Финска минатата година аплицираа за влез во НАТ, но сите 30 земји-членки мора да ги одобрат нивните кандидатури. Анкара претходно рече дека Шведска, мора прво да заземе појасен став против она што го гледа како терористи, особено кон „курдските милитанти“ и група која ја обвинува за обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

„Ако толку многу ги сакате членовите на терористичките организации и непријателите на исламот и ги заштитувате, тогаш ве советуваме да побарате поддршка од нив за безбедноста на вашите земји“, рече Ердоган.

Турција веќе го повика шведскиот амбасадор за инцидентот, ја откажа планираната посета на шведскиот Министер за одбрана на Анкара и остро го осуди настанот.