На Македонците им се испрани мозоците – Вели Врабески, пријателот на Заев
Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, во гостување на Бугарската национална телевизија (БНТ) најави дека ќе се отворат 20 бугарски клубови во земјава.
„За бугарските клубови во Северна Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Таа ќе ве ослободи“, изјави тој.
Врабевски зборуваше и за „југословенски модел”, кој го посочи како „најлошиот модел на светот“. Според него, на луѓето во Македонија „им се испрани мозоците“, а територијата е „украдена од Бугарија“.
„Една територија украдена со многу крв и престапи, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин, Југословенскиот модел, нема погаден модел на светот. Практично, тој модел се уште е на власт и им ги пере мозоците на луѓето“, рече Врабевски.
Инаку, Врабески важи за личен пријател на поранешниот премиер од редовите на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со тогашниот Министер за надворешни работи Никола Димитров го креираа и потпишаа т.н. „Договор за добрососедство“ со Бугарија.
Преземено од: Слободен печат