Левица: Муцунски троши 20 илјади евра за изнајмување на принтери

  • Реакција на Левица – ЛО Аеродром

Од многуте недомаќински „бисери“ на градоначалникот на Oпштина Аеродром Тимчо Муцунски, деновиве осамна најновиот “бисер“. Имено, општината распишува тендер за изнајмување на фоткопир машини во висина од скоро 20.000 евра. Тендерот го добива претпријатието ДОО Стерна – увоз-извоз.

Ако земеме предвид дека цената на еден фотокопир апарат се движи од 300 евра за користен апарат, па до 3000 евра за нов апарат со повеќе од пристојни перформанси, тогаш не можеме, а да не се запрашаме – Зошто општината треба да изнајми копир апарати, наместо истата сума да ја потроши за набавка на нови и на тој начин трајно да го реши проблемот?

Зарем на општината фотокопир апаратите и требаат само на одредено време?? Прашањето кое се наметнува е дали Тимчо сака да го реши проблемот и да ги задоволи потребите на општината за нормално административно функционирање и зошто недомаќински се троши волкава сума на пари за изнајмување?

Уште поинтересно е тоа што претпријатието кое го добило тендерот има само on-line страна за продажба, без наведени продавници на истата и без било какви информации за тимот, директорот или било кое лице кое е таму вработено. Идеално за магионичарски трик – полнење нечии џебови со елегантно оштетување на буџетот на општината за 20.000 евра без трага и глас.

Јавно го прашуваме градоначалникот зошто изнајмување, а не купување на фотокопир машини?? Дали позади овој тендер се крие коруптивна зделка?? Што се крие зад овој нелогичен тендер??