Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Стојковски троши 9.000 евра на адвокатска фирма

  • Реакција на Левица ЛО – Ѓорче Петров

На 21-вата седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, една од точките на Дневен ред беше и Предлог-одлука со која преку кратење на средства од програмите за спорт, култура и основно образование, меѓудругото, требаше да се стаса до дополнителни 200.000 денари за правни услуги (покрај првично предвидените 350.000 денари за оваа намена).

Потребата од 550.000 денари за ангажирање на адвокатска фирма до крајот на оваа година, од службите беше образложено дека е поради случајот со „Трансмет“ каде е тужена и Општината како сосопственик на зградата (поточно, сопственик на подрумските простории) во која требаше да биде трговскиот центар „Емпорио“.

Во Општината се вработени околу 10 правници од кои 1 е со положен правосуден испит кој по проценка на градоначалникот – не бил умешен да ја застапува Општината. Имајќи ги предвид изнесените факти и суми – зборовите на Стојкоски дека се намалени непродуктивните трошоци пропаѓаат во вода.

За споредба, дури и екс-градоначалникот Наумоски годишно трошел помалку средства од општинскиот буџет за оваа намена, односно 212.400 денари годишно.

Левица останува на својата Програма и став дека треба да се забрани ангажирање на адвокатски фирми од страна на државните институции и дека наместо тоа, треба да се вработи соодветно лице во Општината со што значително би се намалиле трошоците за фамозните адвокатски услуги, но и можноста за присуство на корупција и судир на интереси.