Апасиев: Ако ДУИ биде во опозиција тие ќе се распаднат

Во интервју за неделникот Фокус, лидерот на Левица, Димитар Апасиев зборуваше за обидот за преземање на парламентарното мнозинство по локалните избори минатата година.

Лидерот на Левица посочи дека главната цел на обидот за мнозинство било токму ДУИ да се тргне од власт, бидејќи тоа што го прави ДУИ е ненормална корупција за која сите знаат, но не преземаат ништо.

„Неуспешниот обид за ново парламентарно мнозинство беше токму дедуизиација. Имено, нови политички фактори од албанскиот блок да го заземат местото на ДУИ, кои ќе бидат понекорумпирани, бидејќи ДУИ се дивјачка корупција, тоа е ненормална корупција и сите ја гледаат и се прават дека не ја гледаат, особено странските амбасади, кои им даваа ветар во грб.“

Како главна причина зошто овој процес не беше успешен, пратеникот го наведе киднапирањето на Кастриот Реџепи.“

„Значи тој неуспешен процес беше токму тоа, да дојдат Алијанса, Алтернатива, БЕСА на местото на ДУИ и со нови кадри што немаат такво терористичко минато да се градат нови политики. Но, тој процес не успеа, благодарение на киднапирањето на Кастриот.“

Во продолжение Апасиев додаде дека ДУИ како политичка партија која никогаш не била во опозиција, оној момент кога таа ќе падне од власт, партијата ќе им се распадне на неколку фракции.

„Во перспектива ние не сме партија како ДУИ, која е научена само на власт. ДУИ, на пример, ако биде опозиција, тие ќе се распаднат. Таму има две-три фракции, кои се буквално во војна. Тоа е мафијашка групација и местото на таа групација е зад решетки, затоа што таму имате незастарливи кривични дела, тоа се делата на ОНА.“

Во продолжение Апасиев додаде дека Левица е парија која по секоја цена сака да дојде не власт, туку да се избори за платформските начела и државните интереси.

„Ние не сме партија од типот на партиите кои по секоја цена сакаат да се власт, ние не должиме никому, не сакаме да вработуваме и слично. Ние одиме програмски.“

Целото интервју можете да го прочитате во неделникот Фокус.