Голема рација во Германија, се апсат десничари, планирале државен удар

Германската полиција спроведува една од најголемите операции против наводните десничарски екстремисти кои планирале да упаднат во Бундестагот и да киднапираат политичари.

Медиумите пишуваат дека имале поддршка од голем број безбедносни службеници, како и дека планирале да извршат државен удар. Приведени 25 лица, кои се осомничени дека се членови на терористичка организација.

Специјалните сили спроведуваат операции во исто време во 11 сојузни држави, се наведува.

Според информациите, уапсен е дел од терористичката група „Граѓани на Рајхот“. Претресот е извршен во 130 куќи, канцеларии и други објекти. Се нагласува дека планот на екстремистите бил да извршат вооружен напад врз парламентот и да ги држат во заложништво политичарите. Тие очекуваа дека некои делови од безбедносните структури ќе се солидаризираат со нив, што ќе овозможи државен удар.

Обвинителството соопшти дека меѓу приведените е и еден руски државјанин.