Нападнат советник на Левица од газда на кафич кој узурпирал јавен простор

Вчера во јавноста протече информација дека во Ново Лисиче е нападнат советник на Левица, нападот се случил во кафич кој незаконски узурпира јавен простор. Советникот Дарко Масларковски завршил на Клиника.

Причината зошто Советникот на Левица е нападнат е што неколку пати во Советот го покрена прашањето да се наплаќа сума за користење на јавниот простор и терасите на кафичите кои го узурпираат.

Во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, Советникот од Аеродром Горан Костовски кажа дека вакви закани советниците до сега примале неколку пати

„Дарко неколку пати примаше суптилни закани, па и лично он се јавувал или некои негови пајташи, се заканувале да не мрчи Дарко во советот оти ќе го јаде дебело. Близнаците отишле да разговараат со сопственикот на Хелиум, а беа претепани.“