Видео: Обраќање на Апасиев на отворањето на Македонскиот клуб „Никола Вапцаров”во Благоевград

Од името на Левица, сакам да честитам на храброста на нашите сограѓани, на нашите сонародници од Пиринскиот дел од Македонија, коишто се осмелија на ваков чекор, после шеснаесет конечни пресуди кои никако да се извршат.

Веднаш се гледа разликата помеѓу бугарските клубови во Македонија, коишто носат имиња на фашисти, и нашиот клуб, македонски, тука, што носи име на антифашист. Ние како левичари, мило ми е што имаме претставници и од левицата и од десницата и од центарот. Жално е што нема претставници од официјалните органи.

Меѓутоа, се надевам дека во иднина она, што е нормално, да се отвораат клубови коишто ќе поврзуваат, а ние имаме многу заедно со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега, да си сваќаме како провокација.

Честитам на храброста на овие луѓе коишто целиот живот го имаат посветено на оваа кауза и мислам дека не сме ви ни до колената, ние како политички активисти, за храброста којашто вие ја покажавте и имаме многу да учиме од вас. Секогаш ќе ја имате поддршката од Левица, било како опозициска или утре како владина партија.

Вие како Македонци и од Пиринскиот и од Егејскиот дел на Македонија секогаш ќе имате пријател во нас. Уште еднаш, честитки и ви благодарам.