Aко Бугарија не дозволува македонски клубови, тогаш Македонија да не дозволува бугарски клубови

  • Реакција на ОМО Илинден Пирин, забранетата македонска партија во Бугарија, по одлуката на општинскиот Совет во Благоевград да забрани отварање на македонскиот клуб Никола Вапцаров.

Со Бугарите само реципроцитет, кој е основно правило во цел свет, и ништо друго!

Ако Бугарија не дозволи да се отвори Македонски клуб во Благоевград и било каде на друго место во Бугарија каде што ќе побараат Македонците, тогаш бараме македонската влада да ги затвори не само трите фашистички бугарски клубови, туку и таканаречените лажни „културни клубови за бугаро-македонско пријателство“, кои веќе се отворени во дваесетина града во Македонија и преку кои на големо се шири бугарска пропаганда меѓу македонската младина!

Или реципроцитет и дозвола за неограничен број македонски клубови во Бугарија, или во Македонија нема да постои ни еден бугарски пропаганден антимакедонски клуб!