Левица организира протести во Охрид – „Не за бугарскиот Хитлер“

Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза, велат во соопштението од ЛО Левица Охрид.

Најстрого го осудуваме отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот. Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт.  Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!, велат во соопштението.

Протестот е закажан на 7-ми октомври со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид.