Кривични пријави против советници од Левица од хибридниот режим

  • Соопштение на политичката партија Левица

По директива на предавничкиот пратеник од СДС-Врховистичка – НЕНАД КОЦИЌ, СВР Велес поднесе кривични пријави против истакнатите советници на Левица, ИГОР СМИЛЕВ и ДИМИТАР АБРАШЕВ.

Под изговор за ширење на говор на омраза, органите на прогонот под диктат на окупационата влада, ќе ги гонат советниците на Левица заради фејсбук статус, каде јавно напишале дека пратеникот Коциќ е предавник што гласал за францускиот предлог за бугаризација.

За двојните аршини на режимот кој го контролира Спасовски, говори фактот што кривични пријави за директни ЗАКАНИ против највиското раководство на Левица, МВР со години ги чува во фиоки.

Очекувано е една квинслишка власт, која владее без никаков легитимитет од народот, да ги користи сите тоталитарни методи за да го угуши секој Отпор против режимот!

Но, Републиката пребродила далеку поопасни непријатели од вообразениот предавник Ненад Коциќ и неговата матична партија – составена од потпросечни политиканти, неспособни клептомани и простодушни среброљупци.

Идеалите за правда и национална слобода на македонскиот народ се посилни од секоја привремена диктатура и затоа, на пробугарските колаборатори им порачуваме дека ниту им се плашиме, ниту ќе замолчиме пред нивните предавнички политики!

Новите, прогресивни идеи за поправеден свет неминовно доаѓаат, а остатоците од мрачната транзиција на олигархиски банди, како што е Социјал-демократскиот сојуз – ќе завршат неславно, на буништето на историјата.