Проамеричкото расположение стана анти-македонско
Статус на Саше Јанчев – член на Централниот Комитет на Левица.
На Левица прв и е интересот на Македонија и тој диктира да не си правиме закачки со големите сили. Проамеричкото расположение бара од Македонија да си прави закачки со големите сили за амерички интерес.
Ние се закачивме со Кина за Тајван, Кина уште истиот месец стави вето на мандатот на УНПРЕДЕП (воена сила на Обединетите нации, Сила за превентивно распоредување на Обединетите нации) кој беше присутен на границите на Македонија со Албанија и Косово. Веднаш потоа УНПРЕДЕП се повлече. И што се случи?
2001 година, баш таму, на тие граници, се случи војна. Веднаш после војната, благодарение на двете најголеми партии, главните актери од војната станаа респектабилен коалиционен партнер во власта.
Од тогаш наваму седат во власта дваесет години, си паразитираат на државниот апарат, си измислуваат министерства, си спроведуваат етнотрибализам од кој глава не можеме да кренеме, си составуваат француски, големобугарски, предлози, а сега и ни кажуваат за шо смееме, а за шо не смееме да имаме референдум.
Антиамеричко не значи проруско бе токмаци! Проамеричко значи антимакедонско!