Македонецот умираше од јатаганот на својот џелат

На 30 август 1903 г. во весникот „Автономна Македонија“ што излегувал во Софија, Бугарија, на првата страница е објавен следниов напис:

Ако Македонецот денес е заборавен, историјата ќе си води сметка и ќе запише, дека тој додека умираше од јатаганот на својот џелат пред очите на тие што можеа и требаше да му помогнат, биде оставен на својата зла судба… да умира, да се валка во сопствената крв.

Треба ли ние да останеме рамнодушни пред борбата, да се самоубиеме! За нас одговорот е откажувачки. Кога нам ни се налага да се нафатиме во заштитата на угнетените Македонци, ние со радо срце треба да го направиме тоа. Ние тука мошне доброволно треба да одбележиме дека Александар Велики, тој цар на вселената ги посведочил добродетелите на словенското племе, кога кажал дека Словените имаат херојски срца и заради тоа заслужуваат да го носат великото име Славјани, илити славни.

Пред да почине тој наш велик завештател, изјавил дека го проколнува секој што во иднина би ги клеветел Словените. За сите нивни воени квалитети тој им ги остави во аманет сите земји од Јадранското море до океанот на вечните мразови. Освен тоа, тој ги заколнал неговите небесни покровители да ги чуваат од несреќи и постојано да им притекнуваат на помош на дванаесетте кнезови, потомци на неговите дванаесет другари.

Сега, ако Македонците не се во состојба самите да го сопрат нивното истребување и да ја подобрат својата страна, тогаш Бугарите, Србите, Црногорците и другите Словени се должни да им притекнат на помош на тие браќа по крв и по вера, на тие коишто се родени од „мајка доилка“ (Македонија) и од каде произлегуваат најпознатите почетоци и светилници, како за бугарштината, така и за целата словенштина. Св. Кирил и Методија, Паисиј, Браќата Миладиновци, Жинзифов, Прличев–се нејзини синови.

Борбата за смрт или слобода што сега ја води Македонецот е културна борба, борба на идеи, но не е скриена борба. Народот што ги родил тие синови не треба да се остави да загине. Таа задушена и огнена атмосфера во убавата Македонија е фатална, таа ќе се задуши и одлета, таа ќе ги нарани срцата и душите на сите оние што можат да и помогнат и од несакање или нерешителност не би го направиле тоа. Ако се остави Македонија да биде опустошена, тоа ќе покаже дека сите христијани и Словени, целиот цивилизиран свет преку своето молчење станува соучесник на турскиот џелат, и доброволно се согласува да му се залепи петното на срамот, да ја изгуби својата чест, заради желбата да се избегне една сеопшта војна.

Навистина пожелно е да се избегне војната. Но, дали заради тоа треба Македонците да се остави да бидат истребени со иљадници? А, таквиот мир е скапо откупен!“

Објавата е превземена од: Лектор по македонски јазик