Преку недејствување СДСМ и ДУИ се соучесници во оправувањето на бугарските фашистички злосторства

Изминатиов период во Македонија започна агресивна бугарска пропаганда како во најмрачните дениви од деветнаесетиот век или од периодот на Втората светска војна, кога бугарските фашистички окупатори вршеа бројни злосторства врз македонскиот народ.

На фејсбук страницата на зружението Цар Борис III Охрид (именувана по верниот соработникот на Адолф Хитлер), се појави пропагандна емисија во која се величи бугарскиот фашизам и се негира холокаустот извршен врз евреите во Македонија.

Во пропагандната емисија Скопје е наречен бугарски град во кој живеат „апсолутни бугари“ кои зборуваат на Бугарски јазик. Бугарските фашистички окупатори се наречени администратори, а улогата на фашистите во Македонија е претставена позитивно и се вели дека тие не се окупатори, туку ослободители на Македонија.

Геноцидот врз 7.000 македонски Евреи и бришењето на еврејското маало се дефинира како “администрација”.

СДСМ и ДУИ се директни учесници во негирањето на холокаустот, преку што се врши рехабилитација и глорификација на бугарските фашистички идеи од Втората светска војна, кое деновиве агресивно се шири во Македонија преку финансирани организации на бугарски служби.

Со толерирањето на ваквите ваквата пропаганда и овозможувањето на нејзино непречено ширење, може да се каже дека СДСМ и ДУИ, освен што спроведуваат политика на анти-македонизам, тие спроведуваат и политика на анти-семитизам.

Важно е да се забележи дека државните и невладините организации кои се прогласија за бунтовници на вистината, познатите „факт-чекери“ како Вистиномер, за ваквата про-фашистичка пропаганда преку која се врши историска ревизија нема да се види никаква реакција.

Интересно е да се постави прашањето зошто бугарските пропагандни здруженија, сајтови и страници на социјалните мрежи, објавуваат на македонски, а не на бугарски јазик?