Скот Ритер: Зошто Западот погреши со Русија

Анализа на Скот Ритер, поранешен разузнавач на американскиот марински корпус чија служба во текот на 20-годишната кариера вклучуваше должности во поранешниот Советски Сојуз за спроведување договори за контрола на оружјето, служејќи во персоналот на американскиот генерал Норман Шварцкопф за време на Заливската војна и подоцна како главен инспектор за оружје во ООН во Ирак од од 1991-1999 година.

„Оние кои не учат од историјата се осудени да ја повторуваат“. Оваа вечна вистина е од круцијално значење денес додека западот се бори да ги разбере размерот и обемот на својот неуспех најпрво да ја одврати Русија од инвазијата на Украина, а потоа и да ја присили да го смени курсот по инвазијата.

Речиси без исклучок, геополитичките аналитичари не успеаја точно да ги предвидат настаните, а креаторите на политиките не успеаја да креираат политики со кои би можеле да влијаат на овие настани. Причините зошто се случи овој неуспех на западот е од суштинско значење за да има каква било надеж за да се најде ефективен начин за излез од сегашната криза. Исто така, потребен е нов пристап за да се избегне уште едно повторување на истите грешки. Додека Русија влегува во шестиот месец од војната во Украина, светот се бори да се справи со реалноста на она што се случува на теренот во опколената нација.

Помеѓу западните поддржувачи на Украина и понатаму постои верување дека доколку на Киев му се обезбеди доволно модерно тешко вооружување тој некако магично ќе извлече некаков кец од ракавот, трансформирајќи го она што изгледа како очигледна руска воена предност во накаква победа на Украина. Слично на тоа, западниот „колектив“ – ЕУ, САД, Г7 и НАТО – продолжуваат да притискаат за уште построги економски санкции против Русија, со очигледно уверување дека таквата акција во одреден момент ќе има доволно влијание врз руската економија. Со што би ја принудиле Москва за промена на политиката.

На крајот со слепото држење кон политиките донесени како одговор на руската инвазија, западните политички лидери продолжуваат да се однесуваат како повратните економските последици за нивните држави да нема да се претворат и во политички последици во тие земји. Неуспешните напори Фактите на теренот даваат поинаква слика на сите три полиња. Руските вооружени сили постигнаа ниво на доминација на бојното поле во источна Украина. И покрај големите напори на западот да ја снабди Украина со модерно вооружување, Русите имаат десеткратна супериорност во артилерија, што се пренесува во способност да изведуваат прецизни напади против украинските воени формации, нивната команда и воената логистика.

Природата на војната во источна Украина, каде што Русија ужива десеткратна супериорност во артилериската огнена надмоќ и речиси целосна контрола на тактичкиот воздушен простор, направи соодносот на жртви да ја направат одржливата битка од украинска перспектива невозможна. Украина помина низ неколку рунди на мобилизација, со масовна регрутација. Се подготвува законска регулатива за да се дозволи регрутирање на жени и да се дозволи регрутирање на мажи кои претходно биле ослободени поради телесен инвалидитет.

Русија напротив не воведе целосна мобилизација и посвети помалку од 20% од својот борбен капацитет за борбите во Украина. Додека пак на оние кои нѐ уверуваат дека украинскиот конфликт ќе влезе во некаков ќор-сокак фактите не им одат во нивен прилог. Главната руска цел на овој конфликт е веќе постигната и ништо не можат да направат Украина и нејзините западни поддржувачи за да ја спречат стратешката руска победа.

Западните санкции против Русија во меѓувреме исто така не го имаат посакуваното влијание. Русија сè уште се соочува со рецесија, но прогнозите за тежината на рецесијата се намалуваат откако високите приходи од нафта и гас и чекорите за стабилизирање на економијата спречија финансиски колапс. Со еден збор санкциите не доведоа до капитулација на Москва. Спротивно на тоа, влијанието врз западот беше многу поголемо: Европа и САД се соочуваат со економска рецесија, а кризата ја разоткри грдата вистина за нивната зависност од руската енергија и недостатокот на економски одржливи алтернативи. Европа веќе покажува процепи во фасадата на единството, бидејќи тешката економска реалност ги победува политичките ставови.

Факт е дека работите само ќе се влошат за Европа и САД на економскиот фронт, бидејќи реалните последици од нивните колективни дејствија се враќаат како бумеранг за да ги прогонуваат. Како што економиите во Европа почнуваат да паѓаат и политичарите полека стануваат свесни дека нивната политичка позиција е загрозена поради одлуките што ги донесоа за Русија и почнуваат се соочуваат со тешката реалност. Европското единство еродира бидејќи повеќе лидери сфаќаат дека никогаш не постоел остварлив „план Б“ во смисла на замена на руската енергија. Антируските чувства не го загреваат домот, не ставаат храна на маса и не обезбедуваат вработувања. Ова е новата политичка реалност во Европа – онаа што ЕУ допрва треба целосно да ја реализира. Неуспехот на разузнавањето.

Неуспехот на Западот да ја одврати Русија и откако не успеа во тоа, да ја принуди да го смени курсот со воведување тешки економски санкции, беше лесно предвидлив. Но сепак, со неколку исклучоци, западните аналитичари не успеаја да ги предупредат политичките лидери за неизбежната судбина на нивните политики. Неможноста или неподготвеноста да се разбере неефикасноста на политиките на западот или уште потрагично способноста на Русија ефективно да се спротивстави на нив претставува неуспех на разузнавањето на исто ниво со онаа на претходната генерација која не успеа да го предвиди падот на шахот на Иран во 1978/79 година.

Како дојде до ова? Одговорот е поочигледен отколку што некој би помислил. Прво и основно западната геополитичка заедница работи во затворен круг, користејќи ги истите извори на информации кои се обоени од истите институционални предрасуди. Згора на тоа, бидејќи овие аналитичари ги сервисираат ентитетите кои се основни компоненти на она што САД го нарекуваат „меѓународен поредок заснован на правила“, тие произведуваат само службени проценки кои им се допаѓаат на нивните господари. Една од основните причини за овој неуспех на колективното разузнавање е степенот до кој идеолошки водената „русофобија“ спречи каква било точна проценка на руската намера и способност заснована на реалноста.

Накратко иако има плејада аналитичари кои изградија репутација критикувајќи ја руската влада и нејзиниот лидер претседателот Владимир Путин, недостатокит на вистински експерти способни да се вклучат во детална проценка за тоа како и зошто се прави руската политика и како се имплементира таа политика е зачудувачки. Резултатот е дека на руските извори особено на оние поврзани со руската влада не им се дава значење, додека контранаративот објавен од антируските западни „експерти“ е прифатен како религија. Едноставно кажано анализите и политиките изградени на таков интелектуален систем се бидат погрешни и осудени на неуспех.

Доколку се погледне убаво западните аналитичари не успеаја да ги сфатат последиците од геополитичката трансформација што веќе се случи. Кога западните лидери зборуваат за „глобално ресетирање“ по пандемијата, тие ја промашуваат поентата – ресетирањето веќе се случи. Русија и Кина го отфрлија приматот и легитимноста на таканаречениот „западен меѓународен поредок заснован на правила“ и наместо него го промовираат она што тие го нарекуваат „меѓународен поредок заснован на закони” основан во Повелбата на Обединетите нации.

Голем дел од незападниот свет застана зад Русија и Кина во овој поглед: Форумот БРИКС се проширува по големина и релевантност, додека силата на Г7 и Г20 издишува. Не може да се зборува за „урамнотежена“ и „чиста“ анализа кога повеќето западни геополитички оценки за руско-украинскиот конфликт или се покажаа како погрешни преку настаните од теренот или се толку силно надувани што се бесмислени.

Додека светот се бори да најде соодветен политички излез од овој конфликт од суштинско значење е да се размислува за тоа како и зошто анализата на руската инвазија на Украина беше толку погрешна и што може да се направи за да се осигура дека слични неуспеси во разузнавањето би се избегнале во иднина. Основните принципи Прво и основно аналитичарите треба да се самопроверуваат за својата антируска пристрасност. Слично на тоа подготвеноста со која аналитичарите ги прифаќаат без прашање заклучоците и придружните анализи обезбедени од западните влади и институции мора да биде подложна на покритичко испитување. Најважно сепак е враќањето на основните принципи: ако некој има задача да даде експертско мислење и анализа на некоја тема тогаш тој навистина треба да биде експерт за тоа.

Во Русија има недостиг од вистински експерти кои даваат анализи за западните публикации. На руските извори мора сериозно да им пристапи и целосно да се разгледуваат од сериозни аналитичари со обука и експертиза за одговорно да се справат со дадениот материјал. Иако слепото папагалско повторување на позицијата на руската Влада никогаш не е прифатлива практика признавањето дека руските податоци всушност може да бидат најточните достапни за дадена тема, а потоа инкорпорирањето на тие податоци во поширока и критичка анализа би произвело резултати кои имаат многу поголеми шанси да го издржат тестот на времето. Ова треба да биде целта на секој аналитичар. За жал кога станува збор за Русија многумина не ја достигнуваат оваа цел.