(Видео) Урсула излажа: Европската комисија сепак не го признава македонскиот јазик

Дописничката на МИА, Тања Милевска објави видео од кое се гледа дека Европската комисија (ЕК) не зборува за признавање на македонскиот јазик, туку за јазикот на луѓето од Република Северна Македонија.

На брифингот во Брисел, новинарката Милевска прашува дали вчерашната изјава за почитување на македонскиот јазик дадена од шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик? – Милевска дополнително го споменува и договорот за мисијата Фортекс за кој има спор дали македонскиот јазик ќе биде впишан како таков или како јазик на Република С. Македонија?

Во одговорот, заменик портпаролката на ЕК вели дека Лајен зборува за јазикот на луѓето во Р.С. Македонија која таа го нарекла македонски.

На ова директно прашање, портпаролката на ЕК рече дека нема да ја толкува изјавата на Лариса Фон дер Лајен, но притоа таа ја повтори фразата „јазикот на кој зборуваат луѓето од С. Македонија“.

Оваа изјава е радикално спротивна на она што го претставува оваа Влада заедно со претседателката на Европската Комисија, и дополнително ги потврдува сомнежите на граѓаните дека Владата на чело со Ковачевски и Османи одработувааат на уште едно велепредавство на македонскиот народ и држава.