Ристовски: Народот ќе ви суди за ова предавство

Утре на македонско тло ќе стапне ЕУ емисарот госпожа Урсула фон дер Лајен и така слаткоречиво ќе излезе пред парламентарците и ќе ги убедува дека треба да гo прифатат протоколот и преговарачката рамка со којa сите ние ќе станеме европејци и од утре натаму мед и млеко ќе протече низ Македонија, а всушност тоа што треба да прифатиме е почеток на процес на асимилација и колонизација.

Тоа со громогласен аплауз ќе биде прифатено од простата аморфна маса на владеачката коалиција предоводена од СДСС која мисли дека има право да ја распродава Македонија како да е добиток на сточен пазар.

Еве дел од “рамката” за асимилација:

„Владата на Република Северна Македонија се обврзува дека пред одржувањето на Првата меѓувладина конференција ќе ги заврши соодветните процедури и ќе ги вклучи во својот Устав оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на земјата и се дел од бугарскиот народ, и ќе да го усогласи своето важечко законодавство, така што ќе ги одрази измените направени на Уставот.“

„Владата на Република Северна Македонија, согласно чл. 11 ст. 5 од Договорот, ја потврдува заложбата дека ништо во нејзиниот устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија со цел да се заштитат статусот и правата на лицата кои не се граѓани на Република Северна Македонија.“

Страните ја потврдуваат својата посветеност да преземат акција против говорот на омраза и ги назначуваат министерствата за надворешни работи како контакт институции за заедничко идентификување на такви случаи во натписите на јавни згради и споменици, текстови во учебници и наставни програми, како и во медиумскиот простор (вклучувајќи ги онлајн и социјалните медиуми).

Народот ќе ви суди!!!
Велепредавство – Член 305
Признавање на окупација – Член 306
Загрозување на независноста – Член 308

Предавници фашисти – клети врховисти!