Западното оружје испратено во Украина ќе заврши во рацете на лошите момци, вели шефот на Интерпол
Пишува: Дарко Тодоровски: Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар
Легалниот и нелегалниот пазар со оружје повторно цвета како резултат на војната во Украина. Европа забрзано се милитаризира, а печките на фабриките од воената индустрија работат со полн капацитет и испорачуваат оружје и муниција за Украина. Илјадници тони различно оружје од Западот завршува на територијата на Украина како дел од масивниот Lend-Lease план. Во моментот, во светот и посебно во Украина не постојат строги меѓународни механизми за следење на трговијата со оружје и преку разни канали дел од тоа оружје и воена опрема постои опасност да заврши во рацете на лошите момци од Блискиот Исток и од целиот свет. Потребно е да се изнајдат механизми за да не се дозволи такво сценарио.
Почнувајќи од нова година, Западот на Украина и има донирано и продадено 22 000 тони оружје, воена опрема и муниција во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. На почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, во Киев и во делови од Украина властите ги отворија воените складови и раздадоа илјадници парчиња различно стрелачко оружје, без притоа да водат сметка и евиденција во чии раце го даваат тоа оружје. Како резултат на тој хаос и непромислен потег, според официјален Киев, од дејството на пријателски оган во тој период, само во Киев и околината загинале 100 украински војници и цивили.
Како гром од ведро небо пред неколку денови одекна информацијата објавена на Twitter акаунтот на францускиот пратеник Режис де Кастелно[1], дека припадници на украинската армија за 240 000 долари на руската армија и продале 2 самоодни артилериски хаубици CAESAR од 155 мм. Подоцна истата информација беше потврдена и од неофицијални извори од Пентагон и од руски извори, поточно од компанијата Уралвагонзавод која што е специјализирана за производство на воена техника, тенкови и самоодни артилериски хаубици. Но никакви докази, фотографии или видеа до овој момент не се објавени. Специјализираниот сајт за воена тематика Bulgarian Military објави статија[2] посветена на оваа тема, како и за тоа како дел од западното оружје завршува во рацете на руската армија, и во рацете на лошите момци од целиот свет.
Интерпол знае за нелегалната продажба на оружје од страна на Украинците на Русите. Британски Гардијан[1] пишува дека загриженоста може да се види во изјавите на Јирген Сток, генерален секретар на Интерпол, кој стравува дека оружјето ќе биде предадено на криминални и терористички организации во Европа и ширум светот. Сепак, ова се случува со соучесништво на западните влади, кои не се подготвени да воспостават заштитни мерки и механизми за проверка за употребата на ова оружје, и каде тоа завршува. Всушност, дури ни американските разузнавачки служби не знаат каде оди оружјето доставено во Украина.
Интерпол знае за нелегалната продажба на оружје од страна на Украинците на Русите. Британски Гардијан[1] пишува дека загриженоста може да се види во изјавите на Јирген Сток, генерален секретар на Интерпол, кој стравува дека оружјето ќе биде предадено на криминални и терористички организации во Европа и ширум светот. Сепак, ова се случува со соучесништво на западните влади, кои не се подготвени да воспостават заштитни мерки и механизми за проверка за употребата на ова оружје, и каде тоа завршува. Всушност, дури ни американските разузнавачки служби не знаат каде оди оружјето доставено во Украина.
„Криминалните групи се обидуваат да ги искористат овие хаотични ситуации во Украина и достапноста на оружјето, дури и она што го користи војската, вклучително и тешкото оружје. Овие ќе бидат достапни на криминалниот пазар и ќе создадат предизвик. Ниту една земја или регион не може да се справи со тоа изолирано бидејќи овие групи работат на глобално ниво. Можеме да очекуваме прилив на оружје во Европа и пошироко. Треба да бидеме вознемирени и мора да очекуваме дека ова оружје ќе биде шверцувано не само во соседните земји, туку и на другите континенти[1]“.
Неофицијално, на даркнет веќе може да се најде и да се купи за криптовалути секаков вид на оружје, почнувајќи од советско, па завршувајќи до оружје од НАТО земјите од Украина. Од обични автомати и стрелачко оружје, па се до рачни ракетни фрлачи, противтенковски системи па до лесно преносливи ПВО системи. Но релевантноста на сето тоа тешко може да се потврди. Пред неколку денови, во Одеса, украинските безбедносни служби пресекоа канал за нелегална продажба на западно оружје за Блискиот Исток, пред се различни видови на противтенковски системи, како и огнено оружје.
Германски Овертон-Магазин дури посочува и конкретен случај кој треба да се истражи за нелегална трговија, а тоа се соборените украински хеликоптери Ми-8 кои се обиделе да ги евакуираат украинските војници од Мариупол. Досегашната истрага укажува дека хеликоптерите се соборени од американски противвоздушни ракети Стингер донирани од Американците[1].
Во 2014 година, после почетокот на граѓанската војна во Украина, поточно на Донбас, имаше неколку случаи кога оружје донирано од Западот на Украина и на украинската армија, пред се разни снајпери, воени џипови од тимот Хамви, како и американски радари за контра-артилериска борба, преку нелегални канали, беше препродавано и завршуваше на крајот во рацете на припадниците на доњецката или луганската армија, а подоцна и во руските научни центри на испитување. Но Западот тогаш затвораше очи и молчеше.
Но, многумина на Запад веќе си го поставуваат прашањето: „Дали постои реална опасност дека дел од оружјето испорачано на Украина, посебно противтенковските системи и лесните преносливи ПВО системи многу веројатно би можело да паднат во рацете на терористичките организации на Блискиот Исток и да се користи против Западните земји и нивните интереси на Блискиот Исток? Колку време треба да помине за да видиме во рацете на лошите момци од Блискиот Исток противтенковски системи Javelin или NLAW, лесни преносни ПВО ((MANPADS) системи Stinger, различни видови на дронови и друга западно оружје. И на кој начин Западот работи да го спречи сето тоа?
Секоја војна и воен конфликт од една страна е трагедија, особено за цивилното население, но, од друга страна е одлична можност за одредена категорија на луѓе да заработат и да се збогатат преку легалната и нелегалната трговија со оружје. Конфликтите од блиското минато во бивша Југославија, Либија, Сирија, Јемен и конфликтот на Украина од 2014 година се најдобри сведоци за тоа. Но, Западот продолжува да ја вооружува Украина со ново оружје и да ја милитаризира, со надеж дека истата на военото поле ќе оствари победа над Русија. Но, таа надеж се повеќе бледнее, како резултат на воените успеси на Русија.