Амбасадата на Руската Федерација го демантираше Пендаровски за обвинувањата кон нивната земја

По неколкукратни обвинувањата од страна на Стево Пендаровски до Руската Федерација дека се вмешува во протестите на граѓаните против бугаризација на Македонија и се обидува истите да ги злоупотреби, денес се огласија од Амбасадата на оваа земја во која го демантираат Претседателот.

Во јавно објавеното Соопштение пишува дека Руската Федерација ги отфрла обвинувањата на Пендаровски упатени против нивната земја. Од Амбасадата нагласија дека го почитуваат изборот на македонскиот народ и дека се подготвени и понатаму да градат соработка токму на оваа основа.

Во прилог ви го пренесуваме целиот текст од Соопштението објавено од амбасадата ан Руската Федерација во Скопје.

„Обрнавме внимание на изјавите на Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски во интервју за ТВ каналот „ТВ 21“ на 8 јули и за весникот „Етнос“ на 10 јули во врска со деjствата на Русија во РСМ и во балканскиот регион во целина.

Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја – Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, – и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи.

Ние го почитуваме било кој избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост.“