Денес Македонија ќе биде блокирана еден час

Денес Македонија ќе биде блокирана еден час како знак на протест поради францускиот предлог. На вечерашниот протест пред Собранието беше најавено дека ќе има промена во начинот на протестирање.

Денес продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија.

Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести.