Локално

Македонците се апсолутни противници на францускиот предлог Анкетата на ИПИС го открива вистинското расположение кај народот

На прашањето, дали би прифатиле почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да се согласи со т.н. француски предлог, 72.8 отсто од етничките Македонци опфатени со анкетата одговориле не.

Мнозинството Македонци се против прифаќањето на т.н. француски предлог, а најголемиот дел од нив ги поддржуваат протестите.

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 јули 2022 на 1114 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии, како и за одредени актуелни прашања.

На прашањето, дали би прифатиле почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да се согласи со т.н. француски предлог, 72.8 отсто од етничките Македонци опфатени со анкетата одговориле не. Од вкупниот број на испитаници, каде се содржани и одговорите од другите етнички заедници во Македонија, против францускиот предлог се изјасниле 56 отсто од испитаниците.

62.8 отсто од етничките Македонци сметаат дека новиот предлог е ист како претходниот, а 67 отсто од нив ги подржуваат протестите кои во изминатите денови се одржуваат во Скопје, на кои демонстратите бараат од Владата да го одбие предлогот.