Зеколи преку лажни вести и клевети го релативизира насилството врз протестирачите, шири бугарска пропаганда и пропагира сепаратизам!

Откако се почнати протестите против т.н. Француски предлог за решавање на спорот помеѓу Бугарија и Македонија, кој е поставен како услов за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ, Арсим Зеколи, со своите објави преку твитер профилот се обидува на секaков начин да ги дискредитира протестирачите, кои легитимно го искажуваат својот револт и несогласување со понудениот Предлог, со кој практично се бугаризира Македонија. 

Зеколи, не само што пишува недолични коментари и квалификации за претседателот на Политичката партија Левица, професорот Димитар Апасиев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, нарекувајќи ги руски платеници, туку тој поддржувајќи го албанскиот сепаратизам и шовинизам, го релативизира и во крајна инстанца и го оправдува насилството кое вчера се случи за време на протестите, кога протестирачите беа каменувани под мостот кај трговскиот центар Мавровка, а еден од хулиганите дури и пукаше со огнено оружје кон толпата која се движеше по рутата на протестот.. 

Зеколи, протестирачите, кои беа над 30 илјади, ги нарече „група човеколики патриоти“ а Апасиев и Мицковски лажно ги обвини дека имале бугарски пасош. На овој начин, Зеколи, оправданието на бугарскиот шовинизам го наоѓа токму перпетуирајќи ја бугарската пропаганда за некакво си бугарско малцинство во Македонија кое е над 100.000, а не како што покажа пописот дека во Македонија на сила се пријавени не повеќе од 3.000 Бугари.