Во соседната земја има процедура за прифаќање на францускиот предлог

По бројните шпекулации околу францускиот предлог (основен или модифициран), на прашање од БНР, од бугарското Министерство за надворешни работи изјавиле дека се запознаени со сите предлози на француското претседателство со Советот на ЕУ и прецизирале дека предлогот е во согласност со собраниската одлука, за бугарските црвени линии, каде покрај многуте негации на се што е македонско, се демантира и постоењето на македонскиот јазик

„Дејствата на бугарските институции не можат да излезат надвор од рамката создадена со собраниската одлука од 24-ти јуни годинава, во врска со проширувањето на ЕУ и со преговарачкиот процес на Република Македонија“.

Oд бугарското МНР ги потврдуваат сите претпоставки кои ги демантираше македонската Влада за учествување во креирањето и прифаќањето на францускиот предлог, нагласувајќи дека сега веќе предлогот е во процедура.

„Во соседната земја во моментов има процедура за прифаќање на предлогот на француското претседателство, а евентуалните шпекулации за ова прашање кај нас би можеле негативно да се одразат на тамошните процеси“, – изјавиле за БНР од бугарското МНР.