Апасиев: Денес и утре се клучните денови!

По објавувањето на т.н. модификуван француски предлог за преговарачката рамка на Македонија во ЕУ, согласно која се интегрирани сите бугарски барања кои го негираат македонскиот јазик, култура, историја и севкупно постоење, во Скопје, неколку дена по ред се одржуваат протести.

Политичар кој веројатно најмногу е истакнат во оваа борба и влезе во отворена конфротација речиси со сите од владејачкиот табор, вклучувајќи го и претседателот на државата, е Пратеникот и Претседател на Левица, Димитар Апасиев.

Разбирајќи ја важноста на овој историскиот момент, Пратеникот кој изминативе денови е цело време на протестите пред Влада, истакнувајќи дека денес и утре се клучните денови, уште еднаш ги повика сите на протест.

Денес и утре се клучните денови! – напиша кратко Апасиев.