Османи ќе го заобиколува Собранието за предлогот со Бугарија

На денешната прес-конференција на Владата на Р.Македонија, на новинарско прашање кон министерот за надворешни работи Бујар Османи, тој истакна дека е подготвен веднаш да го потпише протоколот доколку коалиционите пратнери постигнат консензус по францускиот предлог.

„Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој процес.” – вели тој.

Дали ова значи дека Османи и Владата предводена од СДСМ и ДУИ се подготвени да го заобиколат Собранието при носењето на одлука по ова прашање?