(Видео) „Збогум Југославијо“ -Л.И. Рацин промовираше кинеска емисија за Југославија

Од страна на Л.И. Рацин, на фејсбук беше промовирана емисијата „Збогум Југославијо“, емитувана на шангајската телевизија во НР Кина, во која видувањата за Југославија можат да се видат од една поинаква перспектива.

„Во превод на македонски јазик, со задоволство и огромна помош и ентузијазам на нашите другари и поддржувачи, подготвена од страна на Л.И. Рацин, ви ја претставуваме тв емисијата насловена како „Збогум Југославијо“.

Оваа емисија, како дел од познатиот тв серијал на емисии со наслов „Ова е Кина“, е 104 епизода по ред од емисиите снимени на најразлични теми кои се емитуваат еднаш неделно на шангајската Ориент ТВ (东方卫视).

Тв емисијата „Збогум Југославијо“ за прв пат е снимена во јули 2021 година, и истата е со поднаслов „Фокус на поранешната гордост на Балканот, осврт кон патот на Југославија од процут до пропаст, и причините што доведоа до тоа“.

Гости во емјисијата се професорот Чжа̄нг Ве́јвѐј – директорот на Институтот за кинески студии при универзитетот Фу̀та̀н, и постариот истражувач од Шангајската Академија за општествени науки, воедно и амбасадорот на цивилизациите при ОН – ‘Па̄н Куа̄нг.