Пред 21 година Оливер Китановски – Mлекото го даде животoт за Македонија

  • Фејсбук статус на Димитар Абрашев – Советник од Левица во Општина Велес

Оливер Китановски е роден на 24 мај 1980 година во Башино Село на само пет километри од Велес.

Ја живееше својата младост. Беше одличен ученик, основно заврши во Велес, а потоа продолжува во Скопје на средно полициско училиште во Идризово. По завршувањето се вработува во Специјалната единица Тигар. Оливер си ја сакаше професијата и се радуваше за сите извршени задачи.

На 23 јуни 2001 година во приквечерието тешко е погоден од граната на гробиштата помеѓу Арачиново и Брњарци. По трагичниот настан пренесен е во државна болница во Скопје. Приклучен на медицински апарати, извршена е операција. Лекарите се борат за неговиот живот, но состојбата од тешките повреди се влошува, згаснува неговиот живот на 28 јуни 2001 година.

Бранејќи ја својата татковина го положи прерано својот живот за Македонија.

Хероите живеат вечно!