Се повеќе Германци не го поддржуваат доставувањето на оружје во Украина
Германскиот институт за социологија „FORSA“ спроведе уште една студија за односот на Германците кон конфликтот во Украина. Ова истражување од институтот го спроведуваат репрезентативно преку анкетен прашалник секоја седмица од отпочнувањето на руската специјална операција во Украина.
Предмет на истражувањето е снабдувањето со оружје за вооружените сили на Украина и други воени методи за решавање на конфликтот, а најголема поддршка за водење ваква политика во Германија е забележена на почетокот од март со 60%.
Во април поддршката опаѓа на 55% и бележи константа на опаѓање која пред некој ден (резултати објавени заклучно на 14 јуни) достигна исклучително ниско ниво, односно, само 25% од Германците поддржуваат давање воена поддршка и вооружување на Украина.
Откако е почнато да се спроведува ова истражување, поддршката за германската политика на вооружување на Украина и воведување санкции кон Русија овие неколку месеци бележи пад од дури 35%.
Претходно такви студии веќе спроведоа германските ТВ канали RTL, N-TV, кои добија прилично слични резултати.