Предизборните ветувања во однос на младите ставени на црвено светло во Општина Гостивар

  • Реакија на Црвена Младина – Гостивар

Веќе шест месеци од изгласувањето на вториот мандат на градоначалникот Арбен Таравари, а сѐ уште, ни трага ни глас за исполнувањето на голем дел од предизборните ветувања за младите.

Имено, во изминатите три и пол месеци од мандатот на градоначалникот, ветувањето на проектот: Библиотека во градскиот парк, читањето е храна на мозокот, остана да лебди во воздух. Во паркот има сѐ освен нова библиотека, а младите се оставени сами на себе барајќи пристап до нова и современа литература, бидејќи фондот на книги во градската библиотека од памтивек не е обновен.

Исто така, едно од ветувањата дадени за време на изборната кампања беше и програмата за распределба на културни купони за млади луѓе, но тие купони никој не ги виде, не затоа што нема младина во градот, туку затоа што градоначалникот не успеа да го оддржи ветувањетето. Ова е дополнителен доказ за недоволната посветеност кон младите, која е присутна и на централно и на локално ниво.

Од друга страна, во изборната програма на градоначалникот исто така имаше и ветување за олеснување на купувањето на првиот дом за млади двојки, како и ослободување на младите двојки од плаќање данок на имот, сѐ додека го плаќаат станбениот кредит. Ова е само уште едно ветување кое остана само мртво слово на хартија, додека во реалноста, младите двојки се уште се мачат со станбеното прашање.

Иако сите овие ветувања остануваат неисполнети, сепак градоначалникот и членовите на општинскиот совет, секогаш се спремни за партиски препукувања и дневно-политички театри, додека младите остануваат како и секогаш надвор од приказната.

На младите во Гостивар им е доста од сѐ што градоначалниците ветуваат, а не исполнуваат. Не сакаат “посветен” градоначалник само за време на изборите, сакаат човек на кој ќе му веруваат и некој кој навистина ќе се грижи за нивните потреби и права!