Претседателката на Совет во Општина Битола не ја стави на дневен ред иницијативата на Левица за бесплатни градинки

  • Фејсбук статус на Гаврил Трајковски – советник од Политичката Партија Левица во Општина Битола

Едно време Поинаку бараа да го земиме примерот на Кавадарци и тоа како работи Локалната Самоуправа таму. Ете Кавадарци доби бесплатни градинки по заслуга на Левица. Претседателката не само што работи во интерес на Градоначалникот, се однесува како советот да е нејзина лична сопственост. Прво не ја стави точката на дневен ред, потоа го опструираше предлогот на Левица со нејзин измислен предлог!

Градинките се основата за едукацијата, темелот на градењето на едно дете.

Со бесплатни градинки за битолчани, ќе имавме еднаква можност за секое дете да се едуцира и интегрира во општеството, но Поинаку имаат двојни аршини, едни за власт со коалицијата на ДПМНЕ, други како опозиција.

П.С Се моли Митко да ургира кај Тони со методот за бесплатни градинки и да му појасни како истото да го спроведи во Битола!