(Видео) 15 минути во штабот на батаљонот Азов во Мариупол

На видеото во прилог, кое е направено во штабот на батаљонот Азов во Мариупол, може да се видат работи кои им припаѓале на војниците, а кои укажуваат на фактот дека станува збор за групи кои се задоени со нацистичка идеологија.

На бирото на еден украински војник може да се видат налепеници со симболи кои прикажуваат омраза кон сите, конкретно против исламот, против Турција, против Русија, налепници со лого ‚‚Нема милост‘‘ и многу фашистички и про Хитлер налепници.

Водичот низ штабот вели дека војската најмногу го потсетувала на религиска секта. Имаат три едноставни предмети на вера. На ѕидовите може да видите еден список на десет команди, еден молитивеник и еден објаснувачки текст. И тоа е тоа. Тие го повторуваат истото одново и одново повеќе пати. Сето тоа е придружено со некои ритуали и некои физички активности. Сето ова потсеќа на некоја базична едноставна религиска секта која нема образование и без да има кој да ги води кон некоја добро осмислена цел. Се гледа дека немаат организирана игра како Русија, на пример. Опасноста е дека овие млади, необразовани луѓе се водени од водичи кои имаат некои повисоки мотиви.

Во собите каде се извршувале обуки се гледа дека украинците делувале според некои мотиви водени од религија и борбена филозофија.