Кина никогаш нема да го заборави бомбардирањето на НАТО на кинеската амбасада во Белград – МНР на НР Кина

  • Фејсбук статус на Дарко Тодоровски

Кинескиот народ никогаш нема да го заборави варварското бомбардирање на кинеската амбасада во Белград од силите на НАТО во 1999 година и никогаш нема да дозволи оваа историска трагедија да се повтори, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Тој оваа изјава ја даде на дневниот брифинг како одговор на поврзано прашање. Жао Лиџијан потсети дека на 7 мај 1999 година, силите на НАТО предводени од САД ја бомбардираа кинеската амбасада во Белград, при што беа убиени тројца кинески новинари, а повеќе од 20 кинески дипломати беа повредени.

„НАТО, која себеси се нарекува одбранбена организација, всушност постојано го прекршуваше меѓународното право и произволно водеше војни против суверени држави, поткопувајќи го мирот во одредени региони и на целата планета, осудувајќи многу невини цивили на смрт и принудно преместување“, изјави потпаролот на Министерството за надворешни работи.

Жао Лиџијан истакна дека НАТО, кој наводно се стреми кон „апсолутна безбедност“, веќе има спроведено пет последователни рунди на проширување кон исток од крајот на Студената војна. Ова, според дипломатот, не ја направи Европа побезбедна, туку го посеа семето на конфликтот меѓу Русија и Украина, што прерасна во нов пламен на војна на европскиот континент.

Студената војна одамна заврши, а заедничките аспирации на луѓето ширум светот се насочени кон мир, соработка и развој, нагласи Жао Лиџијан.

Тој ја повика Северноатлантската алијанса предводена од САД да ги направи неопходните прилагодувања, да го напушти менталитетот на Студената војна, да престане да предизвикува конфронтација и да создава тензии во Европа, азиско-пацифичкиот регион и во целиот свет. Жао Лиџијан додаде дека САД и НАТО мора да преземат конкретни чекори за да дадат опиплив придонес за светскиот мир, стабилност и развој.