АктуелноЛокалноНастани

Мирен анти-НАТО протест по повод на воениот оркестар на САД во Општина Аеродром

  • Реакција на Левица – Аеродром

Активисти на Левица Аеродром заедно со Црвена Младина денеска зема учество во мирен протест во вид на анти-нато герила по повод концертот на воениот оркестар на армијата на сад во паркот – Авионче во Аеродром.

Членови и симпатизери на Левица ги потсетија таканаречените империјалистички квази борци за „демократија” на сета крв што ја пролеаа низ светот последните неколку децении со крајна цел грабеж и доминација врз другите народи.

Со транспаренти како:
– Вашите ноти убиваат
– Музичка желба – проклета је Америка
– Свирете ја зајди зајди тивко полека
– Им го свирнавте на Ирак, Авганистан, Либија, Сирија, Украина, дали сме ние на ред?
– 30 години на туѓи ноти свирите

Активистите на Левица ја прикажаа вистината за империјалистичките војни на НАТО пактот и империјалната американска армија, поради која светот доживеа огромни трауми, ненадоместливи штети во десетици држави како и милиони човечки животи изгубени поради насилниот порив за доминација и грабеж на природните ресурси низ целиот свет.

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ