Израелските сили извршија нов воен напад врз Либан

Израелските сили истрелаа десетици артилериски гранати во јужен Либан, откако беше лансирана ракета во близина на либанската границата.

Портпаролот на израелската војска на Твитер објави дека артилериските сили бомбардирале отворени области и инфраструктури во јужен Либан, локации кои ги сметаат за потенцијална опасност.

Во соопштението на либанската армија се наведува дека израелските сили лансирале 50 артилериски гранати во неколку либански градови во близина на јужната граница со Израел.

Дополнително, според либанските медиуми, мировните сили на ООН (UNIFIL) на југот на земјата свиреле сирени долж неколку нејзини позиции во близина на границата, додека либанската армија распоредила војници.

Шефот на мисијата на UNIFIL, командантот Аролдо Лазаро повика на „смиреност и воздржаност“. Во изјавата објавена подоцна, Лазаро го нарече израелскиот одговор „непропорционален“ и ги повика страните да избегнат понатамошна ескалација.

„Шефот на мисијата и командант на силите генерал-мајор Аролдо Лазаро беше во непосреден контакт со властите од двете страни на Сината линија за да повика на воздржаност“, се вели во соопштението. – Сепак, израелските одбранбени сили истрелаа неколку десетици гранати во Либан.

Нема информации за повредени или жртви од двете страни на границата. Се уште не е јасно која група во Либан стои зад ракетниот напад.

Инцидентот се случува кога тензиите се разгореа на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим во последните неколку недели, откако израелските сили извршија „рација“ во џамијата Ал Акса – неколку пати за време на светиот муслимански месец Рамазан, предизвикувајќи протести низ палестинските територии, вклучително и опколените Газа. Во последните две недели беа убиени 16 Палестинци.