МНР потврди: Кратенката за Македонија во НАТО е „NM“, а не „MK“

Вчера во јавноста се појавии документ согласно кој на 12 април 2022 година, постојаната Делегација на НАТО во Брисел ги известува министерствата за одбрана и надворешни работи на Македонија, дека кратенката за Македонија која ќе се користи во НАТО ќе биде „NM“ (North Macedonia).

Информацијата, согласно која не се почитува ниту формулацијата за кратенки од штетниот „Преспански договор“ кој граѓаните не го прифатија и го одбија на референдум, ја потврдија денес од Министерството за надворешни работи.

Во соопштението на македонското МНР е напишано дека во НАТО не се користат т.н. „ISO“ кодови и дека во алијансата земјите – членки се одбележуваат со првите две букви од името на земјата.

Со цел да не се промени редоследот, земјите – членки се одбележуваат со првите две букви од името на земјата, и тоа, доколку е тоа со еден збор, или со првите букви од двата збора, како во нашиот случај кога името е од повеќе зборови. Целта на ова правило е соодветно да се адаптираат целосните имиња на земјите без притоа да се наруши азбучниот ред на англиски јазик по кој се подредени земјите, што, пак, е исто така правило во рамките на Алијансата. Согласно горенаведеното, за Македонија (North Macedonia) се користи кратенката „NM“.

– Стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.