АктуелноЛокално

Кошаркарски натпревар во Македонија без македонско знаме – само албански знамиња на трибините

  • Реакција на Левица – сектор спорт

Иако според актите на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), истакнување на државното знаме на Македонија е задолжително на сите средби под ингеренции на КФМ, во салата „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир речиси никогаш го нема.

Според извештајот на делегатот на натпреварот, дисциплинската комисија од КФМ, го казнила КК Чаир 2030 со 3.000 денари, односно според актите, предвидена е парична казна за немање на државно знаме. На натпреварот меѓу Чаир 2030 и Соколи 1993, немаше македонско знаме, но имаше десетина знамиња на соседна држава, што секако, не е забрането.

Со оглед на тоа што ова е редовна пракса на напочитување на актите на федерацијата, станува јасно дека клубовите намерно не ги почитуваат одредбите и правилниците на КФМ и дека се подготвени да ги платат овие казни, кои се очигледно несразмерно ниски и за нив прифатливи и „симболични“, додека на тој начин се деградира еден од основните симболи на македонската државност. За жал, до нас стигаат забелешки и од други спортски натпревари, како ракометни и фудбалски, каде не се почитуваат државните симболи на Република Македонија.

Левица поради ова ќе поднесе препорака до КФМ и претставка до АМС, со дополнителни предлози и препораки во однос на санкционирање, но и надзор од федерацијата, со инструкции и опомена пред секој натпревар на тимовите да се придржуваат до правилниците за почитување на државните симболи на Република Македонија, без кои не смее да се дозволи да започне натпреварот.

Од фотографиите објавени на официјални профил на Фејсбук на Чаир 2030, може да се види дека во салата биле запалени чадни бомби, што секако е прекршок според актите на КФМ, а во „два-три наврати имало вулгарно скандирање кон гостинската екипа“, поради што чаирчани се казнети со дополнителни 8.000 денари.

(*Фотографиите се превземени од Фејсбук страна на КК Чаир 2030, а втората е извадок од официјалниот Билтен на КФМ)