Урбанистичките планови за Карпош “магично“ исчезнуваат

  • Фејсбук статус на Мартин Димоски, советник од Левица во Општина Карпош.

Опцијата за поднесување на забелешки по предложени детални урбанистички планови е недостапна.

Преку веб-страницата e-urbanizam.mk која е во сопственост на Министерство за транспорт и врски/Ministry of Transport and Communications оваа опција “магично“ исчезна и тоа во пресрет на последниот ден за поднесување на забелешки за два детални урбанистички планови за Општина Карпош.

Истовремено во УЗ Влае 2, бројни жители се оневозможени да поднесат анкетен лист, барајќи им приложување на лична карта, нешто што не беше пракса за претходните планови.

Одењето насилнички против волјата на жителите на Општина Карпош и поставување најразлични бариери за искажување на нивното мислење е крајно недемократски чин и со самото тоа се фрла сомнеж дека со овие ДУП-ови на прво место се ставаат интересите на урбанистичката мафија.Борба за Влае е борба за Карпош!