Левица Илинден со отворена канцаларија за граѓаните на Општина Илинден секоја среда од 17:30 часот

  • Соопштение на Левица – Илинден

Како партија што реално се грижи за заштита на интересите на граѓаните и како единствен политички субјект што се залага за правда, владеење на правото и реална борба против корупцијата, ги информираме граѓаните дека нашата канцеларија ќе биде отворена секоја среда во 17:30 часот.

На овој начин сметаме дека на секој граѓанин на кој локалните власти му нанеле некаква неправда ќе му се овозможи истата да ни ја пријави со цел да му помогнеме да си ги оствари своите права.

Левица во општина Илинден стана силна политичка опција што е отворена за сите граѓани независно од нивната политичка или етничка определба.

Во Левица Илинден се повеќе граѓани се приклучуваат поради незадоволството од политиките на претходните власти, вклучувајќи противуставна промена на име, негирање на сопствената историја, воведување на санкции на една од најпријателските и најбратски држави и многу други работи што се во директна спротивставеност со интересите на нашите граѓани.

Левица Илинден е и ќе биде секогаш спремна да ги заштити интересите на своите граѓани, а тоа веќе и го докажавме.

Доколку сметате дека сте обесправени од страна на властите или имате информација за незаконско работење на властите, независно дали централни или локални, Ве повикуваме слободно да не посетите во нашата канцеларија со цел да ви помогнеме, односно да ја споделите таквата информација со нас.

Во општина Илинден има случаи на веќе утврдено незаконско работење на локалните власти и во поглед на ова ја информираме јавноста дека на таквото работење најсериозно ќе се спротивставиме и Левица Илинден ќе претставува гарант на законитоста во работењето на локалните институции!