Во Њујорк се одржа конференција за нормализација на односите со Куба

Од Соединетите Американски Држави, Канада и од целиот свет се упати повик да се засили меѓународната солидарност к да се прекине блокадата на Куба од страна на САД. На Народниот форум во Њујорк се одржа дводневна конференција за нормализација на односите помеѓу САД и Куба, со претставници на бројни организации кои се солидаризираат со Куба.

На конференцијата беше промовирана координирана акција за осуда на економската и финансиската опсада насочена кон Кубанската револуција. Само за време на управувањето на администрацијата на претседателот Доналд Трам беа спроведени повеќе од 243 против Куба, администрацијата на Џо Бајден ги задржа истите на сила и денес.

На отворањето, постојаниот претставник на Куба во ООН, Педро Луис Педросо, се заблагодари за покажувањата на солидарност и поддршка за кубанскиот народ и нагласи ека тие ќе продолжат да ја бранат револуцијата.

„Сакам да повторам дека кубанскиот народ одлучно ќе продолжи да ја брани неговата револуција и нашето право да бидеме суверени. Без разлика на блокадите и агресијата, ние ќе продолжиме да се спротивставуваме.“

Тереза ​​Амарел Боуе, член на Политичкото биро на Комунистичката партија и Генерален секретар на Федерацијата на кубанските жени, заедно со други членови на организацијата, учествуваа на панелот и зборуваа на тема за унапредувањето на жените и родовата еднаквост. Тие го објаснија процесот на анализа на новиот Семеен законик и Националната програма за унапредување на жените.

Пораки со барање за прекин на непријателствата против Куба се слушнаа и од учесници од Јужна Африка, Гренада, Колумбија и пошироко.

Друг панел се фокусираше на темата за климатските промени и одржливоста на животната средина и настанот заврши со музички настап во живо.