АктуелноИнтернационално

Данска ги депортира сириските, а ги дочекува украинските бегалци

Блокади за влез во државата, центри за притвор и закани за репатријација, беа само дел од политиките кои се водеа во моментот кога милиони бегалци од Блискиот Исток и Африка доаѓаат во Европа. Многу европски земји, како што е Данска, на секој можен начин го блокираа влезот на бегалците во нивните земја, денес тие сосема поинаку се однесуваат кон украинските бегалци.

„Кога има војна во Европа и кога европскиот сосед е изложен на она што го гледаме во Украина, не се сомневаме: мораме да помогнеме колку што можеме… им посакуваме добредојде на Украинците во Данска“, – рече Матијас Тесфаје, данскиот Министер за интеграција.

Данската Влада подготвува закон со кој ќе ги изменат правилата за азил на Украинците: „Тие нема да бидат дел од системот за азил“, изјави портпаролот за надворешни работи на владејачката партија во Данска. Наместо тоа, во соопштението на данското Министерство за имиграција и интеграција се вели дека: предложениот закон ќе им олесни на Украинците да добијат дозвола за престој „за да можат брзо да започнат со престој, образование или работа“.

Законот за барање вредни предмети (исто така познат како „Закон за накит“) на влезот во Данска веќе е укинат за украинските бегалци и е една од многуте привилегии резервирани исклучиво за нив.

Од друга страна, Данска стана првата неолиберална земја која минатата година отворено ги врати сириските бегалци и ги лиши од азил! Над 200 сириски бегалци во моментов беа лишени од правото на престој во Данска во мај 2021 година, додека пред тоа најмалку 90 бегалци беа депортирани и назад. Според проценките меѓувремено над 900 сириски бегалци од Данска беа депортирани во Дамаск.