Приватните воени компании и Украина

  • Пишува: Дарко Тодоровски – магистер по меѓународни односи и воен аналитичар.

Воените платеници, или „кучињата на војната“ деновиве се актуелна тема во светот, посебно после ескалирањето на војната во Украина. И од двете страни стигнуваат информации дека се користат приватни воени компании, и дека се ангажирани „Кучињата на војната“. Но постојат различни воени платеници, како различни и приватни воени компании. Едните се борат за враќање на мирот во кризните региони, и се ангажирани од официјалните власти, а други војуваат за разгорување на воените конфликти и за дестабилизација на одредени држави и региони.

Пред една недела сите европски медиуми сихнронизирано ги осудија постапките на приватната воена компанија Вагнер во Африка и на Блискиот Исток. Иако приватната воена компанија Вагнер дејствува исклучиво на барање и со одобрение на легитимните власти во тие држави, тоа не ги спречува западните медиуми да ја обвинуваат приватната воена компанија Вагнер за сите гревови на Блискиот Исток и во Африка. Но колку од сите тие обвинувања против приватната воена компанија Вагнер се вистина а колку не се? И колку е реално приватната воена компанија Вагнер моќна. Да ги погледнеме фактите.

Во 2020 година, глобалниот пазар за приватни воени компании беше проценет на околу 330 милијарди американски долари. Тоа говори дека сме сведоци сме на враќање на приватната воена моќ на светската сцена преку приватните воени компании, како во времето на средниот век, кога воените платеници во Европа во тоа време биле повеќе ценети од регуларните армии. И покрај сите обвинувања кон приватната воена компанија Вагнер, факт е дека најуспешни и најголеми приватни воени компании во светот се американските компании и компании регистрирани во САД. Тие работат под лиценца од Стејт департментот на САД (DoS) и Одбранбената трговска контрола на администрацијата (DDTC). Американските, британските и израелските приватни воени компании контролираат околу 90% од официјалниот глобален пазар денес. Ирак, Афганистан, Либија, како и редица други држави во Африка и Блискиот Исток им донесоа огромни заработки на западните воени компании, за сметка на истите тие држави, кои што останаа разрушени и без перспектива.

Во изминатите неколку години, Русија и Кина активно ги користат своите приватни воени компании за проектирање на политиката и зачувување на своите интереси во светот. Но руските и кинеските приватни воени компании се уште не можат да се натпреваруваат со американските и британските. Од 2013 година, Русија активно почна да користи приватни воени компании за да ја проектира својата политика во различни региони во светот. Како резултат на употребата на приватните воени компании Вагнер и Вега во Украина, Сирија, Либија, Централноафриканската држава, Венецуела, Мали, Судан, Мозамбик, Русија го врати влијанието во овие региони и има значителни политички и економски придобивки. Според проценки од западни и руски воени аналитичари, приватната воена компанија Вагнер брои околу 20 000 припадници, што е далеку помала бројка во споредба со западните приватни воени компании. Најголем дел од припадниците на Вагнер се бивши припадници на руските специјални единици, и на руските вооружени сили.

И покрај сите обвинувања и негативна кампања и пропаганда од страна на западните медиуми, факт е дека Вагнер во Сирија даде значителна помош во победата над радикалните терористи од Исламската држава и Ал Каеда. Во Мали, Вагнер оваа година започна антитерористичка операција за враќање на мирот и стабилноста. Во Централноафриканската Република после победата над терористите како резултат на помошта на Вагнер, државата беше стабилизирана, и беа оддржани демократски избори. Слично е и во Либија, каде што Русија и Обединетите Арапски Емирати преку Вагнер успееја да го стабилизираат источниот дел од Либија.

Западните медиуми и политичарите не го гледаат тоа или не сакаат да го видат. Критикувајќи ги мировните активности на приватната компанија Вагнер која што дејствува по официјална покана од голем број на држави во Африка и Блискиот Исток, тие отворено ги повикуваат локалните жители од Полска, Велика Британија, Шведска,  Хрватска, Холандија, Албанија, и другите европски држави да им се придружат на западните приватни воени компании и да одат „да и помогнат“ на Украина (им се даваат контакти со координаторите, им се ветуваат големи плаќања во готовина и помагаат во нивно пренесување во зоната на конфликтот). Бивши припадници на американските специјални сили веќе се во Украина, како и воени платеници и доброволци од Полска, Албанија, Хрватска. Од Шведска 200 доброволци се спремни да војуваат во Украина.

На тој начин Западот има намера да го продолжи конфликтот, што доведува до уште поголеми страдања за украинскиот народ. Иако во скоро сите европски држави постојат закони кој што ги спречува граѓаните на тие европски земји да учествуваат во борбени дејства на териториите на другите држави, пред се во воените конфликти на Блискиот Исток и во Африка, европските држави прават исклучок од тоа, се со цел да и помогнат на Украина, за таа да ја продолжи војната со Русија, која што на крајот ќе доведе до уште поголеми разрушувања и жртви во Украина. Тоа најдобро говори за лицемерието и двојните стандарди на Западот.