Македонската репрезентативка Гентјана Рочи прогласена за најдобар играч

Гентјана Рочи е 27 годишна македонска фудбалерка која игра на позицијата напаѓач, таа моментално го носи дресот на КуПС во Наистен Лигата, главната дивизија на женски фудбал во Финска, oд 2019 година. Таа претходно играла во македонското првенство за ФК Борец (2010 г.) и ЖФК Наше Такси, а исто така играла во Лигата на шампиони и во германската втора Бундес лига за Бaер Леверкузен и Клопенбург. Таа е член на репрезентацијата на Македонија од 2010 година.

По завршувањето на шампионатот во Финска, а во кој нејзиниот тим на КуПС заврши на самиот врв на табелата, македонската фудбалска интернационалка и репрезентативка, Гентјана Рочи е прогласена за најдобар играч. Освен тоа, со 25 постигнати голови прогласена е за најдобар стрелец, а воедно и најдобро оценет играч.

За своите почетоци во фудбалот и за она што ја привлече кон овој спорт, особено што сѐ уште владее оној стереотип дека фудбалот е машки спорт, не само кај нас, туку и во светот, таа ни кажа:

„Како дете додека другарките играа „женски“ игри, јас играв фудбал. Бев инспирирана од татко ми кој играше во ФК Караорман – Струга. Но, иако тој ми беше инспирација, се плашев да му кажам дека фудбалот ми е омилена игра, не знаев како ќе ме разберат. Сѐ додека еден ден не ме виде сам… Ме поддржа… Прво почнав да играм во Кавадарци за екипата ‘Тиквешанка’, па Велес за ‘Борец’ и за ‘Наше такси’ – Скопје. Потоа заминав во Германија, каде играв за Клопенбург, па Леверкузен, па Швајцарија – Луцерн.“

  • Како се случи соработката и преминот во финскиот клуб КуПС?

„Мојот менаџер склучи договор со Финскиот клуб Јуваскиле. Ме бараа да играм за Хелсински ПК35, но сепак на крајот се одлучивме за КуПС. Со оглед на тоа дека има искуството и во македонските клубови, а потоa и во германските клубови и сега во Финска, ја прашавме да ни направи споредба во однос на условите за тренирање таму и тука.“

– Користејќи ги твоите искуства од интернационалните клубови, што сметаш дека му фали на женскиот фудбал кај нас? Како би можеле да се подобрат условите, пред сѐ преку споделување на твоите искуствата од она што таму си имала привилегија да го научиш?

„Голема е разликата. Во Македонија имавме поретко тренинзи. Во Финска имаме тренинг секој ден, пред натпревари дури два пати на ден. А во Германија имавме и поголема физички подготовки. Кај нас треба поголема организација и професионализам.“

– Каков е третманот на македонските фудбалерки, со оглед на тоа што настапуваш и за репрезентација на Македонија, а женскиот репрезентативен тим немаме чувство дека го добива истото внимание, како на пример машкиот? Секако дека веројатно тоа се должи и на резултатите, но дали според тебе има простор за поголема афирмација и на женскиот фудбал, а преку тоа и до поголем интерес за спонзорства, што пак би придонело за поголем квалитет на тимот, но и на фудбалот?

„Да како што напоменав на почеток, не знаев како ќе ме сфатат домашните… Кај нас женскиот фудбал уште е табу. Но мислам дека голема улога имаат и медиумите. Мислам дека ако сме поистакнати во медиумите би дошле и до поголеми спонзорства. Како на пример женскиот ракомет. Таа во „КуПС“ останува уште една година според договорот, а ќе ѝ претстојат и репрезентативни настапи во дресот на Македонија.“

– Што да очекуваме во 2022г?

„Очекуваме поголеми успеси за репрезентацијата, да покажеме дека и Македонија има добра женска фудбалска екипа.

Нашиот тим ѝ посакува успешна сезона на Гентјана, како и на целата женска, македонска фудбалска репрезентација! Навиваме за Македонија!