Договор за слободна трговија помеѓу Србија и Кина

  • Фејсбук статус на Дарко Тодоровски Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека најдобрата вест од средбата на шефовите на Србија и Кина, Александар Вучиќ и Кси Џинпинг е најавата за договор за слободна трговија.

Најверојатно во текот на оваа година Србија и Кина ќе склучат договор за слободна трговија.

Во 2021 година Србија имаше рекорден извоз во Кина – околу милијарда долари, што е за 157,7 % повеќе од 2020 година. Во текот на изминатите 10 години, извозот во Кина се зголеми за 152 пати. А со новиот договор за слободна трговија за српските производи, стоки и услуги се отвара пазар од 1,5 милијарди луѓе.

Со овој договор, како и договорот за слободна трговија со ЕУ, како и договорот за слободна трговија со Евроазиската унија, како и низа билателарни договори со арапските држави, Србија има можност да ги извезува своите стоки, производи и услуги на пазари каде што живејат повеќе од 2 милијарди и 300 милиони потрошувачи.

Србија преку водењето на повеќе векторска надворешна политика, како и изградбата на современа инфраструктура, постави здрави темели за иден економски и технолошки раст, како и за зголемување на извозот.