Дали некој од пратениците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе го поддржи укинувањето на апанажата

Од страна на пратениците од Левица, вчера, во Собранието на Република Македонија беше доставен предлог-закон за укинување на апанажата.

Со усвојување на овој закон се укинува правото на апанажа на претседателот на Републиката, Владата, на сите лица што Владата ги именува или на телото кое Владата го овластило да именува функционери, со кое тие и по завршувањето на нивната функција имаат право да побараат надомест во висина на нивната плата од државата.

Од „Слободен печат“ денес објавија вест дека „ниту една од поголемите парламентарни партии не одговори на прашањето на нивното прашате ‘дали ќе го поддржат предлогот да се укине надоместокот во висина на плата, кој им следува најмногу една година на поранешни избрани и именувани функционери по престанок на функцијата?’“.

Се поизвесно е дека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да го подржат овој предлог закон. Останува да видиме дали дали барем некој од пратениците на овие партии ќе го поддржи укинувањето на апанажата или сите останати 118 пратеници ќе бидат против.