Исмаил: Борбата за Македонија почнува од нејзиниот главен Град Скопје

  • Статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица.

Очајнички обиди за манипулација со јавноста преку лаги, клевети и невистини креирани во ПР ботовското дувло на СДСМ собрано околу најкатасторфалниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Криминалната клика околу, сега веќе екс градоначалник на Градот Скопје, Шилегов, потресени од отпочнатиот процес за нивното развластување во локалната самоуправа на Градот како и одговорноста која им следи за сите криминални и коруптивни дејствија направени во нивниот мандат, преку лаги и манипулации се обидуваат да направат дефокус во јавноста за некаква си одлука која наводно била донесена на вчерашната 3-та седница на Советот на Градот за „враќање на старите имиња на улици, булевари, мостови и плоштади во Скопје“.

Вистината е дека се работи за иницијатива за повлекување и враќање на одлуката во службите на Градот за нејзина ревизија. Со оваа одлука, Петре Шилегов заедно со претходниот состав на Советот на Градот Скопје, спротивно на закон и надвор од стандардните процедури, и како дел од заткулисните договори со нивниот коалиционен партнер ДУИ, насилно извршиле промена на над 500 вакви инфраструктурни објекти.

Имено, согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна 6 месеци пред оддржување на избори и една година пред оддржување на попис. Токму во овој период е донесена ваквата одлука, односно непосредно пред пописот и во очи на локалните избори. Оттука и оваа одлука сè уште не е верификувана во Адресниот регистар при Централниот регистар на Република Македонија.

Покрај тоа што ваквата одлука на претходниот состав на Советот на Град Скопје е донесена во несоодветен момент, пред изборите и пред пописот, истата содржи и низа неправилности и недоречености. Нарушена е и процедурата на носење на измените, без јавна расправа и консултација со релевантни институции, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот.

Дека ваквата одлука е тенденциозна говори и фактот што во регистарот постојат имиња на улици кои во реалноста воопшто и не постојат?! Но тоа воопшто и не ме чуди, затоа што Петре во својот мандат, покрај тоа што проневери милиони, не реализира ниту еден капитален проект, не изгради ниту една улица, па како алиби за катастрофалното владеење со Градот посегна по именување на улици кои физички, на терен и воопшто ги нема.

Секако, и во содржината на самата одлука, односно во именувањето на инфраструктурните објекти како предмет на истата, има многу спорни работи. Направени се именувања во чест на личности кои воопшто не соодејствуваат и немаат никаква поврзаност со македонската држава и историјата на македонскиот народ. Напротив, со оваа скандалозна одлука именувани се инфраструктурни објекти кои на еден или друг начин биле директно против интересите на македонскиот народ и директно ја поткопувале неговата држава. Покрај именување на улица по селото Нивици, каде беше потишана срамната и анти-народна промена на името, со направените измени на ваквите објекти се слават и Призренска лига која ја основа идејата за Голема Албанија како и истакнати личности од балистичкото движење и соработници на фашизмот.

Борбата за Македонија почнува од нејзиниот главен Град Скопје. Во Скопје веќе е развластена е оваа ненародна, криминална и анти-државна власт, а за кратко тоа ќе случи и на централна власт, и токму оттука е паниката во нивните редовите, губејќи го тлото под нозете се фаќаат за сламката, но упорно не можат да сватат дега се дават во сопствениот смет.