Советниците на Левица бараат референдум за парцелите кај „Холидеј ин“ и истрага за законитоста за оттуѓување на градежно земјиште

Советничката група на Левица во Советот бара дополнување на дневниот ред за Седницата на советот во Општина Центар. Станува збор за додавање на две точки кои се однесуваат на најавените многукатници на плацовите спроти „Холидеј ин“.

Според советникот Игор Димески од Левица, дополнителниот референдум, граѓаните може да спречат изградба на зградите за кои се уште не се платени комуналии во општината.

Заради ова советниците на Левица бараат распишување на дополнителен референдум за изјаснување на граѓаните дали се за суспензија на деталниот урбанистички план Ц08, односно ДУП кој ги опфаќа парцелите наспроти „Холидеј ин“.

Второто барање исто така е насочено во правец на борба со градежната мафија, односно од службите на Општина Центар бараат да отпочнат истрага за законитоста за оттуѓување на градежно земјиште на деталниот урбанистички план.

„Поради фактот дека, декларативно, сите советнички групи кои се дел од Советот до сега даваа поддршка на оваа иницијатива, очекуваме без никаков проблем Советот да ги усвои овие точки на дневниот ред и да ги поддржи“. – Изјави Марија Среброва.

Седницата на Советот се одржува денес.