Богоев издавал градежни дозволи и за време на изборите

  • Реакција на Левица – ЛО Карпош.

Во октомври годинава, за време на кампањата за локалните избори, Стефан Богоев издал 27 градежни дозволи, покажуваат официјалните податоци објавени од Државниот Завод за статистика. Од вкупниот број на одобренија, 13 се издадени на деловни објекти, а вкупно ќе бидат изградени 73 станови односно 6.252 метри квадратни корисна површина.

Овие бројки покажуваат дека Општина Карпош е втората општина во скопскиот статистички регион според бројот на издадени одобренија за градење во октомври годинава. Доколку се анализираат и претходните месеци и години ќе се забележи дека Карпош е во континуитет на врвот на листата според бројот на издадени дозволи.

Ова е вистински доказ за бетонизацијата со која се соочува општината, а на која сведоци се карпошани, и покрај демантирањата од досегашните градоначалници на Општина Карпош.