Левица – Битола со предлози до одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина

Советничката група на Левица-Битола испрати неколку предлози за програмата за урбанистичкото планирање и заштита на животната средина за 2022 година.

Предлозите вклучуваат: Пошумување, реконструкција и изградба на паркови за рекреација, обезбедување на пешачки зони и вело-патеки, поставување на корпи за отпадоци на повеќе локации.

Покрај комисијата за животна средина која се одржа на 13.12.2021 година во општината каде што присуствуваа советниците од сите политички партии, беа поканети здруженија и организации кои придонесуваат во развојот за почиста животна средина и амбиентален воздух.

Се дискутираше околу проблемите со кои се соочуваат секојдневно битолчани и за истите се нудеа решенија до членовите на “Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина” кои беа присутни на оваа комисија.